Струмичани во најголем дел не знаат да го селектираат отпадот и ги кршат контејнерите
Украден мртовец од струмичката болница
Дваесетина граѓани од Турското маало претпладне околу 09:00 часот украле мртовец од Инфективното одделение на болницата.
Морбидната вест ја потврди директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, кој рече дека се се одвивало како на филмска лента.
-Пациент на 49 годишна возраст бил донесен на инфективното одделение во тешка состојба и набргу потоа починал.Дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го префриле преку оградата и го ставиле во комбе по што се упатиле во непознат правец. Го осудуваме овој чин, бидејќи не дозволиле на лекарите да потпишат посмтрница и да ги пополнат потребните документи, туку и предизвикале паника и страв кај медицинскиот персонал, рече директорот Гогов.
Од болницата веднаш ја известиле полицијата, но додека таа да дојде крадците заминале.
Според директорот не може да се каже дали причина за смртта на пациентот е последица од Ковид-19, бидејќи не му бил направен тест.