Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Од полноќ поскапуваат бензините
Од полноќ поскапуваат бензините од 1,5 до 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и тој ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар.
За два денари поскапуваат и Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за 2,5 денари дизелот.
Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 85 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство 75 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 76,50 денари за литар.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 1,040 ден/кг кој од полноќ ќе се продава по цена од 46,720 ден/кг.