„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Oд утре почнува етапната исплата на јануарските пензии
Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот KОВИД-19, соопштија од Владата.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
Во вторник, на 26.01.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
Во среда на 27.01.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
Во четврток на 28.01.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
Во петок, на 29.01.2021 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник 26 јануари.