fbpx

Во Струмица 15 оздравени, нема новозаразени и починати

 Во Струмица 15 оздравени, нема новозаразени и починати

Во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 37-Куманово 4-Тетово 1-Гостивар 1-Штип 2-Битола 1-Велес 1-Охрид 2-Кавадарци 5-Струга 1-Свети Николе 1-Крива Паланка 1-Берово 2-Делчево 1-Пробиштип 1-Кратово 1-Пехчево 1.

Починати се 6 лица, два пациенти од Скопје (54 и 79г), два од Прилеп (85 и 93г), еден од Кавадарци (70г) и еден пациент од Струга (83г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти од:

-Скопје 350-Куманово 19-Тетово 10-Прилеп 36-Гостивар 9-Штип 8-Битола 7-Велес 17-Струмица 15-Кавадарци 28-Кочани 9-Кичево 1-Свети Николе 4-Гевгелија 6-Неготино 12-Дебар 8-Ресен 5-Крива Паланка 1-Радовиш 6-Пробиштип 3-Валандово 3-Демир Хисар 1-Македонски Брод 2-Богданци 2-Кратово 1-Крушево 9-Демир Капија 1.

Досега во земјата се направени вкупно 443.277 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90717, бројката на оздравени пациенти е 78727, на починати е 2791, а бројот на активни случаи изнесува 9199.

Share via
Copy link