„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Одбележана 70.годишнината од убиството на петтемина струмички студенти
Пред споменикот на петтемина струмички студенти-Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јар,мов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев, беше одбележана 70 годишнината од нивното убиство.
За животот и делото на петтемина студенти зборуваше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници.
Пред споменикот на петтемина убиени струмички студенти цвеќе положија членови на нивните семејства, градоначалникот и членови на Советот на општина Струмица, политички партии и здруженија на граѓани и претставници на државни институции.
Пред одбележувањето на годишнината на гробиштата во Струмица беше одржана панихида за петтемина студенти.
Тие се убиени на 13 август 1951 на планината Беласица, наводно во обид илегално да ја поминат границата и да избегаат од Македонија.