fbpx

Одбележана годишнината од раѓањето на Борис Трајковски

 Одбележана годишнината од раѓањето на Борис Трајковски

Општина Струмица денеска ја одбележа 67-годишнината од раѓањето на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски.

Пред неговиот споменик ,,Македонија” во градскиот парк, претставници на неговото семејство, на Советот на општина Струмица, политички партии и здруженија положија свежо цвеќе, а за животот и делото на Трајковски зборуваше Зоран Костадинов, член на Советот на општина Струмица.

-И покрај краткиот животен пат на Борис Трајковски, тој пат беше исклучително богат со вистински содржини и вредности. Тој се вивна во височините на македонскиот историски опстој за да стане и остане бесмртен за вечни времиња. Ретки се тие луѓе кои останале да живеат меѓу луѓето и тогаш кога физички не се меѓу нив. Борис беше човек кој неизмерно ги сакаше луѓето, Божје чедо кое го сакаше Севишниот Господ Бог, сопруг и татко кој неизмерно ги љубеше своите Вилма, Сара и Стефан, струмичанец кој си ја сакаше својата родна Струмица и Македонец кој ја сакаше Македонија, кој се гордееше со Македонија и кој веруваше во Македонија, рече меѓу другото Костадинов.

Пред споменикот на Трајковски беа прочитани и наградените творби по распишаниот литерaтурен конкурс во организација на Библиотеката “Благој Јанков Мучето” од Струмица.

Share via
Copy link