„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Одбележани 78 години од смртта на првоборецот Герас Цунев
Пред спомен бистата во Малиот градски парк во Струмица денеска беше одбележана 78 годишнината од смртта на првоборецот Герас Цунев.
За животот и делото на Цунев говореше секретарот на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ, Петре Ѓоргиев, а цвеќе положија градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, претставници на Советот на општината, Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ и од Основното училиште во село Просениково, кое го носи името на првоборецот.