fbpx

Одбојкарите денес ќе бркаат победа против Чешка за да ја избегнат Италија во осминафиналето

 Одбојкарите денес ќе бркаат победа против Чешка за да ја избегнат Италија во осминафиналето

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 20.00 часот ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство, а противник ќе биде репрезентацијата на Чешка, со која имаме ист број на бодови.

Победа над Чешка ќе значи дека Македонија ќе биде третопласирана и со тоа ќе ја избегне Италија во осминафиналето.

Со триумф вечерва, во осминафиналето ќе се избегне еден од првите фаворити за злато, а нашите одбојкари ќе вкрстат со репрезентацијата на Србија.

Осминафиналната фаза ќе се одигра во Бари, а нашите одбојкари таму ќе настапат на 10 септември.

Share via
Copy link