fbpx

Одржана третата форумска сесија од Буџетскиот форум на Општина Струмица

 Одржана третата форумска сесија од Буџетскиот форум на Општина Струмица

Во големата сала на Домот АРМ се одржа третата форумска сесија од Буџетскиот форум во општина Струмица 2021/2022 година.

Евгенија Граматикова, раководител на Одделението за буџетска координација ги презентираше избраните буџетски програми и развојни потпрограми од страна на граѓаните од претходната форумска сесија и тоа:

-ЈМ – Паркови и зеленило (ЈМА – Нови зелени површини, ЈМБ-Нов Парк АТШ Берово) -ЈИ – Изградба на системи за одводнување и прочистување на отпадни води (ЈИА-Нови канализации во општина Струмица, ЈИБ – Уредување на канал Крушевска Република) -ЈЛ – Други комунални услуги – Гасовод (ЈЛА-Изградба на мрежа за гас)

-РА – Заштита на животна средина (РАБ-Енергетски ефикасни фасади)

По прегледот се изврши избор на приоритетни развојни потпрограми и се направи предлог приоритетни иницијативи по избраните приоритетни развојни потпрограми.

Целта на овој форум е да се зголеми учеството на граѓаните во креирањето на буџетот и зголемување транспарентноста на Општината.

Share via
Copy link