„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Официјално: Марјан Радески во Академија Пандев
Македонскиот фудбалски репрезентативец Марјан Радески и официјално е нов играч на Академија Пандев, која се пофали со своето најголемо засилување за следната сезона.
25-годишниот Радески денеска го потпиша својот договор со струмичкиот состав каде пристигнува како слободен играч откако претходно ја раскина соработката со Шкендија.
Еден од најдобрите напаѓачи во нашата лига кој подеднакво добро игра и на крилните позиции дефинитивно ќе биде големо засилување за Академија Пандев. Покрај Шкендија, Радески претходно во кариерата има настапувано за екипите на Металург и 11 Октомври Прилеп.
Од Академија Пандев му посакаа добредојде и му посакаа многу голови во дресот на нивната екипа.