„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Општина Богданци продолжува со мерките за организирано фрлање на создадениот отпад
Со цел за почиста животна средина, во интертес на сите нас, Општина Богданци во соработка со ЈП „Комунална чистота“ Богданци, продолжува со мерките за организирано фрлање на создадениот отпад и контрола на создавање на диви депонии.
СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА!
– Самоиницијативно фрлање и оставање на отпадот покрај и во садовите за собирање на отпад, како: градежен шут, косена трева, сечени гранки, лисја, градинарски отпад, кабаст отпад и земја од ископи, освен на места определени за таа намена (за фрлање на овој вид отпад, јавете се на тел. 034 221 038);
– Фрлање на градежен шут од правни и физички лица, кои вршат активности за свои потреби и активности во Вашите домови, без претходна пријава до ЈП „Комунална чистота“ Богданци (тел. 034 221 038);
– Оставање на комунален отпад, хартија, пластика, стакло, метални предмети до садовите за отпад, освен во садовите определени за таа намена;
– Палење на сметот во контејнерите за отпад;
– Забрането фрлање пепел со жар во сите садови за отпад
– Оставање на мртви животни во и до садовите за отпад, освен на места определени за таа намена (пријаве те на тел.034 221 038).
Продолжуваме со поставување на садови за селектирање на отпад во Општина Богданци и во 2021 година.
НАПОМЕНА!
– Отпадот од домаќинствата кој не е комунален отпад, по претходна најава, се собира со возило на комуналното претпријатие во деновите кои се дадени во табелата , ЈП „Комунална чистота“ Богданци нема да врши наплата;
– Доколку граѓаните имаат потреба одлагањето да се изврши со возило на комуналното претпријатие во преостанатите денови од месецот, услугата ќе биде наплатена од страна на ЈП „Комунална чистота“ Богданци.
Распоред за собирање на горе споменатиот отпад за 2021 година
Месец | Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни |
Последна сабота од месецот | 30.01.2021 | 27.02.2021 | 27.03.2021 | 24.04. 2021 | 29.05. 2021 | 26.06. 2021 |
Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |
31.07. 2021 | 28.08. 2021 | 25.09. 2021 | 30.10. 2021 | 27.11.2021 | 25.12.2021 |
– Цената на услугата изнесува : 500ден. за една услуга, без утовар од страна на вработените од ЈП и 800 ден за едена услуга, со утовар од вработените на ЈП „Комунална чистота„ Богданци („Одлука“ на Совет/2015г).
– Апелираме, граѓаните да ги почитуваат термините за одлагање на отпадот;
– Самоиницијативното фрлање на отпадот ќе го контролираат комунални редари;
– Граѓаните да ги користат садовите за отпад согласно нивната намена;
– Електронскиот и електричниот отпад можете да го донесете во контејнерот (кафез) за овој вид отпад, кој се наоѓа на паркинг просторот , под зградата на општината, секој работен ден од 08 до 16 часот, освен сабота, недела и државни празници (телефон за контакт: 034 218 400, моб. 078 321 586 и моб. 078 325 025);
– Не го фрлајте искористениот зејтин од домаќинствата во канализацијата, јавете се на тел. 034 218 400, моб. 078 321 586 и моб. 078 325 025 за дополнителни упатстава и понатамошна постапка.
Јавете се на тел. 034 221 038 – ЈП „Комунална чистота“ Богданци од 07 до 15 часот, секој работен ден од понеделник до петок, освен недела и празници.
Ви благодариме за разбирањето и почитувањето на овие мерки и напорите да направиме сé за чиста Општина.