fbpx

Општина Радовиш: Договорена изградба на нов парк во соработка со турската ТИКА

 Општина Радовиш: Договорена изградба на нов парк во соработка со турската ТИКА

Градоначалникот Герасим Конзулов денес оствари средба со со Халим Омер Согут – програмски координатор на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, соопштија од Општината.

-На средбата се разговараше за интензивирање на соработката помеѓу Општина Радовиш и ТИКА. Во таа насока беше изразена подготвеност до крајот на месец јули да се изгради нов парк во Радовиш. Г-нот Халим Омер Согут беше запознаен со тековните проекти кои Општината ги реализира во турските населени места. Од страна на градоначалникот Конзулов беше изразена благодарност за досегашната соработка со ТИКА и надеж за реализација на нови проекти во иднина, стои во соопштението од Општина Радовиш.

Share via
Copy link