fbpx

Општина Радовиш уредува паркинг простор за превоз на учениците

 Општина Радовиш уредува паркинг простор за превоз на учениците

Во Радовиш почна уредувањето на нов паркинг простор за потребите на училишниот и општинскиот линиски превоз, информира градоначалникот Герасим Конзулов.

-Со изведбата на паркингот, кој е во непосредна близина на СОУ „Коста Сусинов“, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот пред училиштето и ќе се заштитат учениците кои користат организиран училишен превоз, додаде градоначалникот Конзулов.

Share via
Copy link