„Комуналец“ почна со чистење на дивите депонии во населените места
Избрана новата Влада на чело со премиерот Зоран Заев
Пратениците вечерва ја изгласаа новата Влада на Република Северна Македонија на чело со премиерот Зоран Заев, кој по втор пат ќе ја предводи.
За Владата предводена од Заев гласаа „За“ гласаа 62 пратеници, „Против“ беа 51 пратеници, немаше воздржани, а присутни во собраниската сала беа 115 пратеници.
Новата Влада е составена од 19 министри, седум помалку од претходната. Министри се:Оливер Спасовски-министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска- министерка за одбрана, Бојан Маричиќ-министер за правда, Благој Бочварски- министер за транспорт и врски, Венко Филипче-министер за здравство, Мила Царовска-министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска-министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска-министерка за култура, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими-министер за финансии, Крешник Бектеши министер за економија, Насер Нуредини министер за животна средина и Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација, Аријанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Горан Милевски министер за локална самоуправа.
Заменици на премиерот се Љупчо Николовски-вицепремиер за борба против корупција, Артан Груби-прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Битиќи-вицепремиер за економија и Никола Димитров-вицепремиер за европски прашања.