„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Општина Струмица: досега се поднесени 87 барања за субенционирање нов велосипед
Вкупно 87 барања се поднесени по објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година. Тоа значи дека планираните средства во висина од 800 илјади денари се уште не се потрошени и заинтересираните граѓани можат да поднесуваат барања се до завршувањето на повикот на први август.
Средствата што Општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Струмица, кои немаат искористено субвенција за купување на велосипед од Општина Струмица и новиот велосипед да е купен во Република Северна Македонија сметано од 09.07.2021 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 01.08.2021 година.