Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Општина Струмица една од највисоко рангираните општини на Индексот за социјална инклузија на младите на локално ниво
Согласно Индексот за социјална инклузија на младите на локално ниво, општина Струмица е една од највисоко рангираните општини. Оваа индекс анализа ги рангира општините според нивните перформанси во поддршката на вклученоста и еднаквоста на младите, оценувајќи аспекти како пристап до услуги, достапност до информации, вклученост во локалните политики и учество во одлучувачките и политичките процеси.
„Ова признание ја потврдува континуирана посветеност на општина Струмица и јас како градоначалник за подобрување на квалитетот на животот на младите и обезбедување уште поголема поддршка за активно учество на младите во сите сфери на општествениот и политичкиот живот. Јас како градоначалник заедно со мојот тим ќе продолжиме да се стремиме кон подобрување на условите за младите и да ја зајакнуваме нивната улога во нашата заедница. Општина Струмица ќе продолжи да биде пример за тоа како преку соработка и ангажираност, може да изградиме општество во кое младите луѓе ќе имаат важна улога и ќе можат да ги реализираат своите потенцијали.“ објави градоначалникот Костадинов на неговата фејсбук страница.
Тој ги повика сите млади во општината да продолжат да бидат активни и да се вклучат во креирањето на сегашноста и иднината на Струмица, бидејќи нивната поддршка и идеи се клучни за заедничкиот успех.
Оваа индекс анализа ја спроведува Националниот младински совет на Македонија како дел од проектот „Заедници инклузивни за млади“, во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип, Youth Empowerment Platform – YEP и Здружението за одржлив развој СФЕРА Интернешнал Битола, со поддршка од Европската Унија.