Општина Струмица го објави Конкурсот за наградата „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

 Општина Струмица го објави Конкурсот за наградата „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

Комисијата за општествени дејности при Советот на Општина Струмица го распиша Конкурсот за доделување на Годишна награда и животно дело на Општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”, а по повод 11 Декември – Денот на заштитниците на градот.

Годишната награда се доделува на правни и физички лица од Општина Струмица, Република Северна Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во: стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот што дале посебен придонес за развој и афирмација на Општина Струмица во Република Северна Македонија и пошироко.

Годишната награда се доделува за остварувања реализирани во период од една година, сметано од завршувањето на огласот и за остварувања во период подолг од десет години како награда за животно дело.

Конкурсот трае заклучно со 20 ноември 2025 година.

Формулар за конкурирање може да се подигне во архивата на Општина Струмица или заедно со деталните информации да се најде на општинската веб страница:

Share via
Copy link