Општина Струмица и „Завод и музеј Струмица“ потпишаа Меморандум за соработка

 Општина Струмица и „Завод и музеј Струмица“ потпишаа Меморандум за соработка

-Во просториите на Општина Струмица, денеска потпишавме Меморандум за соработка со директорот на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица“, Бранко Ѓоргиев, објави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

-Со овој документ официјално се воспоставува партнерство меѓу двете институции со цел зајакнување на заштитата, промоцијата и валоризацијата на културното наследство на Струмица и регионот.Во рамките на соработката се предвидува заедничка подготовка и реализација на проекти, истражувачки иницијативи, едукативни програми, јавни настани и активности за подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на културното наследство. Дополнително, ќе се разменуваат стручни знаења, професионални ресурси и добри практики за унапредување на локалните политики во областа на културата.Овој Меморандум претставува важен чекор кон долгорочна институционална соработка и поголема заштита и зачувување на богатото културно наследство во Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link