„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Општина Струмица ќе доделува еднократна помош од 2 илјади денари за секое прваче
-Првачињата се гордост на родителите, но и гордост на општина Струмица.Од новата учебна 2022/23 година одлучив и општина Струмица за прв пат со парични средства да учествува во подготвувањето на првачињата, објави градоначалникот Костадин Костадинов.
-Ќе доделиме еднократна парична помош од 2.000 денари за семејства со прваче за прв пат запишано во учебната 2022/23 година со постојано живеалиште на родителите на подрачјето на општина Струмица.Подетални информации ќе бидат објавени на општинската веб страница на 31 мај.Јас ветувањата ги исполнувам, напиша Костадинов.