„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Општина Струмица ќе помогне во санирањето на штетите од пожарот во „Глобал“
Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски објави дека Општина Струмица во рамките на своите можности ќе направи се да им помогне во санирањето на штетите од големиот пожар кој синоќа пред полноќ избувна во Трговскиот центар „Глобал“.
-Тажна е сликата денеска, по пожарот кој ноќеска пред полноќ, избувна во трговскиот центар „Глобал“. Изгорени се повеќе трговски објекти и внатрешниот дел во којшто се наоѓаат продавници и тезги. Пожарот е изгаснат, но сеуште под контрола на пожарникарите за да не се појават нови жаришта. За среќа жртви и повредени нема, но причинета е голема материјална штета.Голема благодарност до нашите пожарникари од Струмица и нивните колеги од Кавадарци, Радовиш, Штип и Валандово, како и за вработените во ЈПКД „Комуналец“, за несебичната пожртвуваност и надчовечките напори коишто ги покажаа во гаснењето на пожарот. Сочувствувам со сопствениците на опожарените објекти за големата претрпена материјална штета, напиша градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски на својот фејсбук профил.