Македонските олимпијци под „научен скенер“ за Лос Анџелес 2028
Општина Струмица на повеќе локации постави контејнери за собирање текстилен отпад

Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, преку Одделението за заштита на животната средина воспостави мрежа за собирање на текстилен отпад на територијата на општината, соопштија денеска од Општината.
Во рамки на оваа иницијатива, поставени се специјални контејнери за селектирање на текстилен отпад, кои се донација од фирмата „ЕКО-ТЕКС“ ГРУП Д.О.О. Скопје, со цел поттикнување на реупотреба и рециклирање и намалување на количините текстилен отпад што завршуваат во мешаниот комунален отпад.
Контејнерите за текстилен отпад се поставени на следните локации:ООУ „Никола Вапцаров“, ДСУ РЦСОО „Никола Карев“, СОУ „Јане Сандански“, СОУУД „Димитар Влахов“, ООУ „Маршал Тито“, Црвен крст – Струмица и Дом на АРМ.
Општина Струмица продолжува со реализација на активности насочени кон заштита на животната средина и подигнување на еколошката свест кај граѓаните.