Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање за надоместок во градинка за самохрани родители
И оваа година Општина Струмица продолжува со ослободување од плаќање надомест за престој на деца во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ Струмица.
Денеска е објавен Јавниот повик за пројавување интерес, според кој правото на партиципација во детските градинки се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства, а кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или кои освен што влегуваат во категоријата самохрани родители или носители на згрижувачко семејство се невработени лица кои живеат на територијата на oпштина Струмица.
Повикот заедно со пријавата се објавени на општинската веб страница со сите дополнителни информации, а е отворен 10 дена од денот на објавувањето.