Шапов го потпиша договорот за проектот за реконструкција на улицата „Петар Мусев“
Пронајдена марихуана кај две лица од радовишко
МВР соопшти дека на 03.02.2025 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода А.П.(21) од Радовиш и Р.Т.(29) од село Раклиш, радовишко. При претрес во домот на А.П., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Додека Р.Т. бил затекнат заедно со А.П. во нејзиниот дом и при преглед кај него, исто така, била пронајдена марихуана.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Фото: архива