fbpx

Општина Василево забрзано ги решава предметите за легализација

 Општина Василево забрзано ги решава предметите за легализација

Во општина Василево, денес беше издадено четириесетото решение за  легализација односно утврдување на правен статус на бесправен објект, од почетокот на мандатот на градоначалникот Славе Андонов.

„Оваа бројка на комплетно завршени постапки за легализација на бесправно изградени обкјекти е показател за сериозниот и професионален пристап што како локална самоуправа го имаме во работата  и третманот на граѓаните во чија служба сме. Посветено работиме на завршување на постапките во најкраток можен рок, а бројката од 40 завршени постапки за само три месеци, колку што сум на чело на општина Василево е  показател за забрзаната динамика со која ги извршуваме законските обврски. Само за споредба во текот на целата 2020 година изготвени се само 31 Решение за легализација“, изјави градоначалникот на општина Василево по повод денешното издавање на 40. решение за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект, во текот на неговиот мандат.

Градоначалникот Андонов упатува апел до сите граѓани кои имаат започнато постапка за легализација, да се обратат во општината, како би можело постапките во најкраток можен рок да бидат целосно завршени и  граѓаните да станат вистински сопственици на своите објекти.

Share via
Copy link