fbpx

Министерката Тренчевска и градоначалникот Костадинов ја пуштија во употреба доградбата на Детската градинка „Клон 2“

 Министерката Тренчевска и градоначалникот Костадинов ја пуштија во употреба доградбата на Детската градинка „Клон 2“

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов денеска го предадоа во употреба доградбата на објектот на Детската градинка „Детска радост“, каде ќе се згрижат 57 деца.

-Во употреба ја пуштивме доградбата на детската градинка „Клон 2“, за која Министерството за труд и социјална политика издвои 13 милиони денари. Капацитетот на овој Клон го зголемивме од 100 на 157 дечиња.Овој прекрасен објект е резултат на соработката меѓу локалната и централната власт. Јас сум сигурен дека и во иднина таа ќе продолжи и ќе имаме уште многу убави проекти од кои директен бенефит ќе имаат нашите најмали, нашите дечиња, оти навистина ние постоиме за нив и треба да го трасираме патот за нивна светла иднина, рече градоначалникот Костадинов во изјавата по пуштањето во употреба на овој објект.

Share via
Copy link