Општинскиот инспектор за животна средина изрече казна за согорување отпад од 18.000 евра
Осквернавен споменикот на Гоце Делчев во Струмица
Засега непознати сторители го осквернавиле споменикот на Гоце Делчев во Струмица, испишувајќи пораки со авто лак по него.
Од Општина Струмица го осудуваат овој вандалски и дрзок чин и бараат од надлежните да ги откријат сторителите. Додаваат дека споменикот ќе биде исчистен и апелираат до граѓаните да не го уништуваат заедничкото добро.
Инаку, в недела, на 4 февруари, се одбележуваат 152 години од раѓањето на Гоце Делчев.
Фото: ФБ