fbpx

Пожарникарите од Струмица и Валандово гаснеле пет пожари на отворено

 Пожарникарите од Струмица и Валандово гаснеле пет пожари на отворено

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарникарите од ТППЕ Валандово од 13:05 до 15:55 часот, со 2 против пожарни возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, капини и овоштарник на површина од 3 хектари кај местото „Извор“ кај село Собри;

Во период од 15:50 до 16:25 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена трска и капини на површина од 0,1 хектари кај местото „Мичкин мост“ кај село Брајковци.

Во период од 16:30 до 18:05 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена депонија и капини на површина од 0,3 хектари на кај месноста „Калковска река“ близу село Јосифово.


Пожарникарите од ТППЕ Струмица, од 14:55 до 16:20 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај село Моноспитово (Општина Босилово).

Во период од 18:15 до 19:25 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај село Дукатино (Општина Василево).

Фото: архива

Share via
Copy link