fbpx

Откриени 16 мигранти во близина на преминот Богородица

На 01.08.2023 во 19:00 часот во близина на Граничниот премин Богородица од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица била откриена група од 16 мигранти од Сирија и од извршената проверка било констатирано дека двајца од нив, А.А.(18) и М.Х.(18), двајцата од Сирија, им помогнале на другите лица мигранти илегално да ја преминат државната граница со Р.Грција, а потоа требало да им организираат превоз до границата со Р.Србија, соопштија денеска од МВР.

Тие биле задржани во Полициската станица Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарње мигранти“, а останатите мигранти биле пренесени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг’ – Гевгелија.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Фото: архива

Share via
Copy link