ПАЈАК, ГРУПА ЗИЈАН И СЛАТКАРИСТИКА ГИ ОБЕДИНИЈА ГЕНЕРАЦИИТЕ ВО МЕГА ШОПИНГ ПАРК

 ПАЈАК, ГРУПА ЗИЈАН И СЛАТКАРИСТИКА ГИ ОБЕДИНИЈА ГЕНЕРАЦИИТЕ ВО МЕГА ШОПИНГ ПАРК

Над 40.000 посетители во четирите дена од големото свечено отворање во Гевгелија

Гевгелија, 1 јуни 2026 година – Со настапите на Пајак, групата Зијан и Слаткаристика, вчеравечер во Гевгелија заврши четиридневната програма по повод официјалното отворање на МЕГА Шопинг Парк. Овој настан, кој понуди разновидна содржина за сите генерации, во текот на изминатите четири дена привлече над 40.000 посетители од земјата и регионот, со што и официјално беше заокружен почетокот со работа на овој проект.

Финалната вечер помина во знакот на различен музички сензибилитет, каде покрај изведбите на најистакнатите домашни артисти Пајак и Слаткаристика, посебен акцент беше ставен на локалните рок легенди, групата Зијан. Паралелно со вечерниот дел, во текот на денот се реализираше и богата содржина за најмладите во која учествуваа „Фамилија 5+“, „Патролни шепи“ и бројни професионални аниматори.

МЕГА Шопинг Парк се простира на површина од над 20.000 квадратни метри и опфаќа различни функционални зони, вклучувајќи Fashion сектор на 12.000 квадратни метри, Home Decor и DIY, како и Gourmet Avenue. Објектот е изграден според современите Smart & Eco стандарди, обезбедувајќи инфраструктура за поддршка на електрични возила и еколошка одржливост.

Реализацијата на овој проект претставува значаен придонес во развојот на Гевгелија, позиционирајќи го МЕГА Шопинг Парк како стратешка дестинација за пазарување и социјализација која ги обединува посетителите од целиот регион.

Share via
Copy link