НАД 700 ПОСЕТИТЕЛИ НА САЕМОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЕГА ШОПИНГ ПАРК ГЕВГЕЛИЈА
Пешак потешко повреден откако во него удрил камион

МВР соопшти дека вчера во 16:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул. „Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа во која товарно возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.П.(42) од село Костурино, струмичко, удрило во пешакот С.Т.(75) од село Моноспитово, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.