fbpx

Петмина повредени во директен судир на два автомобили кај крстосницата за Сачево

 Петмина повредени во директен судир на два автомобили кај крстосницата за Сачево

Пет лица се повредени во директен судир на два автомобили во сообраќајната несреќа која се случи денеска околу 13:50 на патниот правец Струмица-Ново село, во близина на крстосницата кон село Сачево.

Според портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска повредените се пренесени во струмичката болница, а увидот на местото на несреќата се уште трае.

Заради сообраќајката во прекин е сообраќајот на патниот Струмица-Ново Село, а сообраќајот се насочува по заобиколни патишта.

Во извлекувањето на повредените учествувале и шест пожарникари и едно против пожарно возило на ТППЕ Струмица.

Повеќе детали за сообраќајката полцијата ќе соопшти подоцна.

Фото: ТППЕ Струмица

Share via
Copy link