fbpx

По 9 години од опожарувањето почна изградбата на новиот Дом на културата во Куклиш

 По 9 години од опожарувањето почна изградбата на новиот Дом на културата во Куклиш

По 9 години од опожарувањето започна првата фаза од изградбата на новиот Дом на културата во населеното место Куклиш. Во оваа прва фаза ќе се изврши уривање на градбата од стариот дом и изградба во карабина фаза на новиот дом.

Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците, претседателот на Советот Марјан Даскаловскии и советници, денеска беа на лице место за да видат како се одвиваат градежните активности.

Изглед на новиот Дом на културата во Куклиш

-Изградбата на новиот дом е на барање на жителите на Куклиш, а иницијативата дојде од нашите двајца советници Ване Крстев и Наташа Шапковска кои правилно го канализираа како потреба од граѓаните да биде соодветно евидентирано во буџетот и нешто што постојано го нотирам, а тоа е соработката меѓу локалната и централната власт која навистина ги олеснува и постапките и процедурите и што е најважно во ова кризно време, а тоа се финансиите кои се заеднички и изнесуваат 7 милиони денари. Станува збор за нов модерен објект, кога градиме нешто ново треба да оставиме печат на нашето време. Сите луѓе оставаат печат во нивните мандати и мислам дека и јас и советниците од населеното место Куклиш треба да оставиме печат од нашиот мандат со нешто ново и модерно какво што заслужуваат жителите од ова населено место, рече градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link