fbpx

Почина виолинистот Зоран Џорлев

 Почина виолинистот Зоран Џорлев

Денеска почина познатиот македонски виолинист и музички виртуоз Зоран Џорлев. Освен виолинист, Џорлев беше вокален изведувач и професор.

Во 1990 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.

Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми.

Наводно Џорлев се лекувал од коронавирусот, но ја загубил битката. Џорлев почина на 54 годишна возраст, роден е 1967 година во Струмица

Share via
Copy link