fbpx

Почнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за август

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска, 2 септември 2020 година (среда) започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец август 2020 година:

 • Гарантиран детски додаток

• Посебен додаток за месец 09/2020

• ЕПП за новороденче

• Родителски додаток за трето дете

• Родителски додаток за четврто дете

• Единствен родителски додаток

• Образовен додаток – Студирање 

• Гарантирана минимална помош ГМП

• Социјална парична помош-ретроактивна исплата

• Постојана парична помош-ретроактивна исплата 

• Туѓа нега 

• Еднократна парична помош

• Мобилност и слепило

• Цивилна инвалиднина

• Социјално домување

• Социјална сигурност-социјална пензија

• Азиланти домување

• Парична помош за згрижувач

• Паричен надоместок за згрижувачко семејство

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 2 септември (среда) –А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

– 3 септември (четврток) –И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

– 4 септември (петок) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 2 септември 2020 година.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Share via
Copy link