Почнува празнувањето на Денот на заштитниците на Струмица
-Нашата Струмица има богато историско, културно и црковно богатство, на коешто се гордееле генерациите пред нас, се гордееме ние и така ќе биде и со идните генерации. Тоа богато минато, ни дарувало многу празници кои со голема почит и гордост ги славиме на најдобар можен начин, рече на денешната прес конференција градоначалникот Костадин Костадинов.
Додаде дека еден од празниците на којшто сите заедно сме посебно горди, тоа е 11. Декември – Денот на заштитниците на Струмица „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“, а овој празник има посебно значење за нас и затоа има посебно одбележување.
-За годинашното празнување на Денот на заштитниците, Општина Струмица подготови богата и разновидна програма со повеќе свечености и пригодни настани, а во соработка со повеќе институции, културни работници, почитувачи и пријатели на нашата Струмица.Одбележувањето започнува денеска, и ќе трае до 11. Декември, кога ќе се одржи Свечената седница на Советот на општина Струмица на која што ќе бидат доделени Годишната награда и Наградата за животно дело за 2021 година.Почитувани сограѓани, Ве повикувам сите заедно да присуствуваме на настаните со кои во наредните денови го одбележуваме овој голем празник за нас и нашата Струмица, рече Костадинов.