Поддршка за домаќинства – Грантови за зелена енергија

Во просториите на Домот на АРМ во Струмица се одржа информативен настан на тема „Поддршка за домаќинства – Грантови за зелена енергија“, реализиран со поддршка на УНДП, Фондот за зелено финансирање (GFF) и со поддршка на Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков.
На настанот беа презентирани можностите за финансиска поддршка за домаќинствата, како и активностите што Општина Струмица ги спроведува во насока на подобрување на квалитетот на живот и заштита на животната средина, меѓу кои се инвестициите во зелена инфраструктура, субвенции за инвертер клими во партнерство со УНДП, субвенции за велосипеди и проширување на мрежата на електрични автобуси.
Во рамки на презентацијата, граѓаните имаа можност да се информираат за начинот на аплицирање за грант преку партнерските финансиски институции, технологиите што се одобрени за финансирање, постапката за верификација и исплата на грантот, придобивките за семејниот буџет и за животната средина.
Општина Струмица и понатаму ќе продолжи со активности и партнерства кои овозможуваат поддршка за граѓаните и придонесуваат кон почиста, поодржлива и енергетски поефикасна локална заедница.