Полицијата затекнала малолетници во угистителски објекти, во еден им се точело и алкохол
Покана од Општина Струмица за првата форумска сесија од Буџетскиот форум
Почитувани граѓани,
Ве покануваме на Првата форумска сесија која е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2023/2024 година. Првата форумска сесија ќе се одржи на ден 03.11.2023 година (петок) во 18:00 часот во просториите на Младинскиот центар во зградата на општина Струмица.
На првата форумска сесија ќе имате можност да се запознаете со процесот на буџетирање, структура на Буџетот на општина Струмица, буџетски календар и планираните приоритети за развој за 2024 година и да учествувате во избор на приоритетна програма/проекти за реализација од Буџетот на општина Струмица за 2024 година.
Присуството, активното учество и Вашиот придонес е од особено значење за успешно спроведување и реализација на Форумот во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2023/2024 година, со што ќе ја потврдиме транспаретноста и партиципативноста на граѓаните во креирање и реализацијата на општинскиот буџет.
Фото: архива