fbpx

Полицијата демантира дека му е изречен притвор на градоначалникот на Василево

СВР-Струмица попладнево достави демант до медиумите откако во некои портали беше објавена вест дека на градоначалникот на Василево, Марјан Јанев му е изречена мерка притвор заради изборен поткуп.

Во соопштението стои.

„Во однос на изнесените вести на одредени веб портали дека е определена мерка притвор за лицето М.Ј. и за уште едно лице од општина Василево, ве известуваме дека таква мерка „притвор“ не е определена спрема посочените лица, туку на истите им е врачена покана заради обавување на разговор и давање потребни известувања.“

Од СВР-Струмица апелираат до медиумите да не изнесуваат невистини, особено во период на предизборен молк, а за сите потребни информации стојат на располагање на медиумите.

Share via
Copy link