fbpx

Полицијата уапсила жител на Василево, се сомничи за обљуба на малолетничка

На 11.08.2022 во 20.30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода С.И. (21) од село Василево, струмичко. Тој е осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка од Радовиш, соопштија денеска од СВР Струмица.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, запознаен е Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и по поднесување на кривична пријава во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од основен суд Струмица.

Share via
Copy link