fbpx

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Меѓународниот ден на младите

 Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Меѓународниот ден на младите

Почитувани млади сограѓани,

Струмица има стари корени од кои постојано излегуваат млади ластари. Таа раскошна и бујна вегетација сте токму Вие – младите луѓе. Вие сте срцето, душата и крвотокот на градот и општината. Вие сте животот на Струмица.Младоста е Вашиот најсилен адут. Искористете ја таа младост за Ваше активно вклучување во сите сфери на живеењето. Изборете се за Вашиот личен и општествен развој. Од Вас зависи, дали ќе го прифатите предизвикот да бидете моторна сила која ќе го придвижува растежот на заедницата и општеството. Кој, ако не Вие? Оваа земја, оваа општина и овој град се Ваши. Заслужете ги на најдобар можен начин, со инвентивност, храброст и мудрост, а по Ваша мерка. Бидете свои на своето. Јас сум секогаш со Вас и за Вас.

Нека ви е честит 12 Август – Меѓународниот ден на младите.

Share via
Copy link