fbpx

Полициски билтен: физички напад во Богданци, казни за брзо возење и неносење маски

 Полициски билтен: физички напад во Богданци, казни за брзо возење и неносење маски

На 23.08.2021 година во 04.30 часот во Полициската канцеларија Богданци, Љ.К.(18) од село Богданци пријавила дека околу 03.30 часот на улица „Петар Мусев“ била физички нападната од Д.М. од Богданци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.08.2021 година во периодот од 06.00 до 09.00 часот Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки над учесниците во сообраќајот, при што биле констатирани 21 прекршок сторени од возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив 1 прекршок сторен од возач кој управувал моторно возило со брзина над 50 км/ч повеќе од дозволеното, а 4 возачи управувале возила со брзина помеѓу 30 и 50 км/ч повеќе од дозволеното. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23.08/24.08.2021), по однос на мерката за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 27 лица, од кои 20 во Струмица и 7 во Радовиш не ја почитувале и против нив се поднесени соодветни поднесоци.

Share via
Copy link