fbpx

Полициски билтен: Физички напади и пресметка во Струмица и Радовиш

 Полициски билтен: Физички напади и пресметка во Струмица и Радовиш

На 17.10.2021 година во 07.00 часот во Полициска станица Струмица Д.Г. (36) од село Бориево, струмичко пријавила дека околу 01:30 часот во Струмица нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Полициска станица Струмица презема мерки за целосно расчистување на случајот.

На 17.10.2021 година во 10.30 часот во Полициската станица Радовиш, С.В.(56) од село Подареш, радовишко, пријавил дека околу 10.20 часот во село Подареш бил физички нападнат од Р.Т. од село Раклиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.10.2021 година во 17.00 часот во Полициска станица Радовиш О.З. (20) од Радовиш пријавила дека на улица „Калаузлиска“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.У. и Е.У., од една страна и С.А. и Г.А., од друга страна. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link