fbpx

Полициски билтен: физички нападнат жител на Градско Балдовци, 57 лица не носеле маски

 Полициски билтен: физички нападнат жител на Градско Балдовци, 57 лица не носеле маски

Синоќа на полноќ во Полициска станица Струмица Ѓ.Р. (42) од село Градско Балдовци пријавил дека на околу 22:00 часот на улица „Ленинова“ во Струмица бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (25.10/26.10.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 57 лица не ја почитувале, од кои 24 во Радовиш,  15 во Струмица, 11 во Валандово и 7 во Гевгелија и ќе следуваат соодветни мерки.

Share via
Copy link