fbpx

Полициски билтен: одземени ловечки пушки, физички напади во Богданци и Пирава, пронајден починат маж во Дојран

 Полициски билтен: одземени ловечки пушки, физички напади во Богданци и Пирава, пронајден починат маж во Дојран

На 30.01.2022 во периодот од 04.00 до 08.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, полициски службеници во координација со вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“ и Шумска полиција спровеле акциска контрола за санкционирање на кривични дела и прекршоци од Законот за оружје, Законот за ловство, Кривичниот законик и други. Контролата била спроведена на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гегелија и Валандово.

На подрачјето на Радовиш биле констатирани едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик, два прекршоци од Закон за оружје и еден прекршок од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир, при што биле одземени 2 ловечки пушки и 15 ловечки патрони калибар 12 мм. По документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 30.01.2022 година во 12.00 часот во Полициска канцеларија Богданци, В.Д.(60) од Богданци пријавил дека околу 11.30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Богданци бил физички нападнат од Ј.Н.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.01.2022 година во 13.50 часот во Полициската станица Валандово, Д.С.(35) пријавил дека околу 13.30 часот во атар на село Пирава, валандовско, Б.С.(68) од Валандово бил физички нападнат од Ј.А (72) од село Пирава. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 30.01.2021 година во 16.50 часот во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека во викенд куќа во село Сретеново, општина Дојран, бил пронајден починат В.З.(67). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија, а увид извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција

Share via
Copy link