fbpx

Полициски билтен: три физички напади во Струмица и Радовиш

На 13.11.2022 година во 09:30 часот во Полициската станица Струмица, В.И.(52) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 09.00 часот во село Баница, Г.И. од истото село физички ги нападнал пријавителот и неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.11.2022 година во 20:00 часот во Полициската станица Радовиш, Н.М.(33) од село Ораовица, радовишко, пријавил дека околу 18:00 часот во село Ораовица бил физички нападнат од М.Т. од истото село. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.11.2022 година во 04:20 часот во Полициската станица Радовиш, Б.К.(36) од Радовиш пријавил дека околу 02:45 часот во казино на улица „Свети Спасо Радовишки“ во Радовиш бил физички нападнат од Д.Ѓ. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link