fbpx

Полициски билтен:42 лица не носеле маска, физички напад во угостителски објект

 Полициски билтен:42 лица не носеле маска, физички напад во угостителски објект

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14/15.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 42 лица не ја почитувале, од кои 17 во Гевгелија, 10 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица ќе следуваат соодветни мерки.

На 15.09.2020 во 01:30 часот во Полициската станица Струмица, К.Ј.(18) од Струмица  пријавил дека во угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од Б.М. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link