Полициски билтен:физичка пресметка и напад во Радовиш

 Полициски билтен:физичка пресметка и напад во Радовиш

На 09.02.2025 во 10.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавно дека на ул.„Шаин маале“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу У.У.(51) и Џ.Ш.(50), двајцата од Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.02.2025 во 10.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ш.А.(27) од Радовиш пријавил дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш бил физички нападнат од И.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link