fbpx

Полициски билтен:физички напад, малолетник предаден за доиздржување казна, одземени нелегални огревни дрва

 Полициски билтен:физички напад, малолетник предаден за доиздржување казна, одземени нелегални огревни дрва

На 16.06.2022 во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода малолетик од село Просениково, струмичко, за кого била распишана потерница поради бегство од Воспитно-поправен дом Тетово. Лицето било предадено во домот во Тетово за доиздржување на казна за сторени кривични дела „тешка кражба“.

На 16.06.2022 во 22.00 часот во Полициската станица Струмица, В.И.(51) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 21.15 часот во село Баница неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.С. и Д.С. од истото село. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.06.2022 година во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш во содејство со вработени во Шумска полиција Радовиш на имот сопственост на Ј.М.(56) од село Тополница, радовишко, пронашле 3 м/3 огревни дрва, за кои Ј.М. не поседувал соодветна документација. Дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Плачковица“ Радовиш, а по целосно документирање на случајот против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link