fbpx

Полициски билтен:физички напади во Струмица и Чанаклија

 Полициски билтен:физички напади во Струмица и Чанаклија

На 06.09.2022 во 15.55 часот во Полициската станица Струмица, А.И.(19) од село Чанаклија, струмичко, пријавил дека околу 15.00 часот во село Чанаклија неговиот брат Џ.И. бил физички нападнат од К.М.(20) од истото село. Истиот ден, во 16.30 часот и К.М.(20) пријавил дека бил физички нападнат од А.И. и Џ.И. од истото село. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 06.09.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Струмица, М.Ј. од Струмица пријавила дека околу 13.15 часот на ул.„Спиро Захов“ во Струмица била физички нападната од С.Т. од Струмица. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link