fbpx

Полициски билтен:кај струмичанец пронајдена прашкаста материја и шише течност,физички напад во Стиник

 Полициски билтен:кај струмичанец пронајдена прашкаста материја и шише течност,физички напад во Стиник

На 15.09.2024 во 20.00 часот на ул.„Климент Охридски“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ј.М.(45) од Струмица. При преглед кај него биле пронајдени две најлонски пакувања со кафеава прашкаста материја и едно шише со течност. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.09.2024 во 21.15 часот во Полициското одделение Ново Село, М.З.(53) од село Стиник, струмичко, пријавил дека околу 12.00 часот на место викано „Бардарица“ атар на село Стиник, бил физички нападнат од О.Д. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link